Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бране Петрушевски: ВМРО на власт, Заев и Филипче на јахта, Максим, ДУИ и работниците

СДС, Левица и ДУИ се власт во град Скопје, Ковачевски и Арсовска коалиција на тендери и бизнис зделки, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
Screenshot-2021-08-25-at-13.06.09

СДС, Левица и ДУИ се власт во град Скопје, Ковачевски и Арсовска коалиција на тендери и бизнис зделки, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Директорите на претпријатијата под Град Скопје се поставени од СДС, Левица и ДУИ. Директорските места се најголем доказ за коалицијата кои ги споделуваат заедно со ГРОМ.

Директор на ЈП „Паркови и зеленило“ е Зухјер Реџепи од ДУИ.

— реклама —

Директор на ЈП „Улици и патишта“ е Саид Саид од ДУИ.

Директор на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ е Снежана Стојчевска од Левица.

Директор на КИЦ е Антонио Димитров од Левица.

— реклама —

Директор на Музеј на Град Скопје е Панче Велков од Левица.

Заменик директор на „Градски паркинзи“ е Сенада Ибраимова од Левица.

— реклама —

Директор на „Градски паркинзи“ е Крсте Петровски, инаку генерален секретар на ГРОМ, а заменик градоначалник е Александар Трајановски исто така од ГРОМ.

Директор на ЈСП Александар Стојковски од СДС, партијата која има целосна контрола над Арсовска и градот.

Токму Стојковски е директорот преку кого Арсовска и СДС туркаат големи зделки. Имено Стојковски лично го потпишал договорот за набавка на гориво од 27 милиони евра без рабат, кој е вообичаен за таквиот вид договори.

— реклама —

Само заради тоа што во договорот од 27 милиони евра не е предвиден рабат, буџетот на ЈСП е оштетен за 1.5 милиони евра.

Со 1.5 милиони евра во целост може да се реши проблемот со приватните превозници, но Арсовска и СДС не сакаат да го поништат договорот и да распишат нов повик за да обезбедат рабат за претпријатието.

И директорот на ЈСП и Арсовска и СДС не работат за граѓаните, туку за свои интереси“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања