Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

СДС наместо да спинува и да манипулира, треба јасно и гласно да каже која од двете понуди на ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Mickoski-Kovacevski

ВМРО-ДПМНЕ на СДС му понуди две опции и излез од ќорсокакот во кој ја донесоа Македонија. Двете опции значаи и евроинтеграција и заштита на вековниот идентитет и македонскиот јазик, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„СДС наместо да спинува и да манипулира, треба јасно и гласно да каже која од двете понуди на ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа. Тоа што СДС не се изјаснува кој предлог на ВМРО-ДПМНЕ им е прифатлив, може да значи две работи.

— реклама —

Една веројатност е дека не ја дава ДУИ да оди во опозиција, затоа што Ковачевски и неговите сопартијци се држат како заложници и се уценети за нивните коруптивни дејанија.

Втората веројатност е дека СДС не ги прифаќа предлозите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи планира во текот на преговорите да подготви ново национално предавство, односно е спремна да ги дораскрчми националните интереси, да прифаќа нови барања од Бугарија и целосно да го срози македонскиот идентитет.

— реклама —

Позициите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни, нема да има Уставни измени по бугарски диктат. Јасно е дека власта на СДС нема 2/3 мнозинство и нема да го има додека не застане во одбрана на националните и државните интереси. Јасни се и предлозите на ВМРО-ДПМНЕ кои му беа кажани на Ковачевски, и конечно треба да каже дали и кој предлог на ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа.

— реклама —

Без заобиколување СДС треба да даде конкретен одговор“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања