Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДС не бараат оставка од Арсовска зошто лепакот на Тачела коалицијата е криминалот и тендерите, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
Screenshot-2022-11-21-at-16.03.19

На СДС побитни им се криминалот и тендерите во 4 очи, отколку Скопје и скопјани и затоа не бараат оставка од Данела Арсовска, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Доколку СДС сакаат решавање на проблемот со блокадите и хаосот во Скопје, ќе побараа оставка од Арсовска, ќе и ги одземеа ингеренциите и ќе го подмиреа долгот кон приватните превозници.

— реклама —

Ама на СДС и Ковачевски не им е гајле за приватните превозници кои со месеци не добиле пари и како тие ги прехрануваат своите фамилии.

— реклама —

Јасно е дека СДС не сакаат решение на проблемите, решавање на хаосот со блокадите во Скопје, бидејќи се креатори на овој хаос преку монструозната коалиција помеѓу Данела Арсовска и Димитар Ковачевски.

Лепакот на коалицијата Тачела, се криминалните тендери, провизии и пљачкањето на скопјани.

Неколку дена молк од СДС, Ковачевски и Арсовска, дали се договорени со бугарска компанија да го превземе приватниот градски превоз, и дали автобусите веќе се стасани и се кријат во близина на главниот град.

Нема ни збор за штетниот договор за набавка на гориво за Јавното сообраќајно претпријатие од пратеник од власта, во која не е вклучен попустот, и се врши проневера од неколку стотици илјади евра.

Целото безредие во Градот Скопје е дело на Данела Арсовска, СДС, Левица и ДУИ кои се во неформална коалиција. За секој штетен договор, за секој криминал од оваа крими коалиција Тачела ќе има ревизија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања