Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

СДС се нервозни бидејќи гледаат дека законот ќе се применува кон сите, врати ВМРО-ДПМНЕ и потсети на случајот со Дрин Ахмети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
384754836_871472544341483_1508962166847449224_n

„Ја разбираме потребата на СДС на секој можен начин да ја дефокусира јавноста од своите криминали и неспособноста на МВР-СДС кое во “државен притвор“ остави 600 илјади граѓани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

Исто така СДС сака јавноста да заборави и на скандалите како петардите на Дрин Ахмети, луксузните патувања на заменикот во МВР Назим Буши, пукањето со калашникови од страна на полициски функционери, исчезнувањето на оружје од депото на МВР во Охрид, инцидентот со “Пајакот“ и десетици други случаи кои власта на ДУИ и СДС ги забошотуваше целиот овој период.

— реклама —

Тука е и случајот со обезбедувачот на Зоран Заев кој претепа 10 деца во 2016–та пред дискотека во Струмица и истиот случај не бил заведен во билтенот, иако бил уредно пријавен.

— реклама —

Нема повеќе полицаец да се удира во пајак,да се прогласува пајакот за крив или полицајци да се пушкараат во хотели на страна на криминалците.

— реклама —

Одговорност мора да има за сите.

Патем да го прашаме Бојмацалиев, дали ја виде вчерашната снимка од претепувањето на човек во Струмица од страна на обезбедувањето на Заев, кое се случило пред два месеци. Дали Бојмацалиев и СДС се шокирани зошто МВР на Спасовски не презело ништо и истиот случај го заташкале.

Токму во тоа е разликата. СДС ги забошотува и прикрива прекршувањата на законот, а ВМРО-ДПМНЕ реагира, ги осудува и бара целосно расветлување на случајот, бескомпромисно и неселективно применување на нормите кон сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ се залага за владеење на правото кое ќе важи и за своите членови, но и за членовите на СДС, ДУИ и за сите останати граѓани. Тоа ги плаши СДС и ДУИ и затоа се толку нервозни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања