Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

СДС се служи со истите средства како во мрачната транзиција, го турка ЕЛЕМ Турс во стечај, а отвора две фирми со иста дејност, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
elem

СДС, партијата која ја спроведе мрачната транзиција во Македонија, која остави над 300 илјади луѓе без работа, сега повторно се служи со истите средства, со цел ЕЛЕМ Турс да оди во стечај. Во исто време, отвора две фирми со иста дејност за Попова Шапка, Маврово, Дојран, Охрид и Струга, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Во стилот на најлошата приватизација направена во Европа во деведесетите, СДС која што управува со државната ЕЛЕМ, се обидува изигра 100-тина доверители на ЕЛЕМ Турс, и да ги отпушти вработените, со цел партизација и приграбување на имоти на Попова Шапка, на Маврово, во Дојран, Охрид и во Струга.

— реклама —
— реклама —

Внимавајте, СДС спроведува стечај на ЕЛЕМ Турс, заради долгови и непродуктивност од 150 милиони денари, а истовремено отвора две нови фирми со иста дејност - туризам и угостителство.

— реклама —

Очигледно е дека СДС и по 30 години, не може да излезе од својата матрица, уништување на државни фирми, приграбување на имотите и богатење на грбот на државата и граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања