„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

СДС ветуваа дека ќе го намалат загадувањето на воздухот, ДУИ станаа зелени преку ноќ, но не успеаја, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
skopje-zagaden-vozduh-magla-5

СДС дојде на власт со ветувањата за чист воздух, 7 години потоа ништо не е променето. 4 години додека ја имаа локалната власт не презема ништо од заклучоците кои нивните пратеници ги усвоија, а 7 години како се на централна власт еден проект или поголема мерка од национален карактер за борба против загадувањето немаат спроведено, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Загадувањето на воздухот е национален проблем, и за ефикасно намалување на загаденоста потребни се национални мерки и проекти кои значајно ќе влијаат на намалувањето на емисијата на штетни гасови.

— реклама —

Освен заклучоци и препораки на комисии СДС и ДУИ ништо немаат преземено. Имено на 27 ноември и 25 декември 2018 година, Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија одржа Јавна расправа на тема: „Енормно загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија“, меѓу големиот број заклучоци донесени се и следните:

— реклама —

- Да се забрза процесот на гасификација на територија на Република Македонија и подготовка за изградба на секундарна гасификациона инфраструктурна мрежа.

- Да се воведат субвенции за приклучување на греење кон гасификација како и субвенции за приклучување кон парно греење за граѓаните;

5 години откако е донесена препораката се уште нема гас до градовите низ Македонија, надвор од Скопје, каде има топловодна мрежа која е стара неколку децении. На ова поле владата нема мрднато со прст.

- Градот Скопје и сите останати општини, да ги зголемат зелените површини во градските подрачја, при изработка на деталните урбанистички планови, да се води сметка за зелените површини и да се спречи нивната пренамена во градежни парцели.

4 години додека СДС управуваше со поголемиот број на општини бетонизацијата беше на прво место, а животната средина на крај на листата приоритети.

- Се препорачува Министерството за економија, да обезбеди средства за субвенционирање на домаќинствата кои ќе користат обновливи извори на енергија.

Оваа препорака не беше преточена во мерка, а всушност треба да биде начин на делување.

- Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање, до Собранието на Република Македонија да достават предлог законски измени на законите од областа на животната средина кои ќе бидат во насока на намалување на загаденоста на воздухот;

Владата нема преземено ништо конкретно во насока на нови законски решенија и нивна имплементација.

Наједноставно кажано СДС и ДУИ, кои последно се промовираа и како зелени, само декларативно на хартија носат стратегии и планови, но немаат никаква реализација.

Скопје и остатокот од државата тоне во загаден воздух, и главна вина за тоа има Владата на СДС и ДУИ. Општините имаат ограничени овластувања и можности, а дури и тие кои ги имаат не беа спроведувани од страна на градоначалниците на СДС и ДУИ изминативе 4 години.

И СДС и ДУИ дојдоа на власт со лаги дека ќе се борат против загадувањето и ќе го намалат истото. 7 години немаат направено ништо, затоа потребни се промени и нова Влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ги решава проблемите и ќе се бори за подобра иднина на секое поле“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања