Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

СДС во работната група за уставни измени како да пресликале своја општинска организација, меѓу кадрите набљудувач на кампањи во Русија до кројач на уставни измени во Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДС во работната група за уставни измени како да пресликале своја општинска организација, сите кадри на Кацарска судството и дежурни платени пера на СДС и ДУИ сакаат да го кројат Уставот, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Очигледно е дека ниту еден експерт, интелектуалец од областа и професор не сака да биде дел од циркусот на власта, па најдоброто кое што го предлагаат се партиски луѓе и поранешни функционери извадени од пензија.

— реклама —

Кога во врвот на списокот на СДС е Бранко Наумовски, татко на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров. Александар Наумовски јасно е колку таа работна група навистина е експертска и независна.

Одиме со ред.

— реклама —

Сали Мурати, претседател на Уставниот суд пред Кацарска е судијата кој им ги зголеми платите на судиите под образложение дека се гладни, а самиот тој тежи куќа во гостиварско, стан во Гостивар и стан во Скопје.

Како независен експерт власта ја продава и Беса Арифи, сестра на долгогогидишниот функционер на ДУИ и градоначалник на Тетово, Теута Арифи, но и Маргарита Цаца Николовска, кадар на СДС од претседател на ДИК, судија до судија во Стразбур.

Бајрам Положани, дежурен подржувач на криминалното СЈО, кој не испушташе дебатна емисија да дава легитимитет на обвинителите криминалци.

— реклама —

Ана Чупеска, која себе се претставува за експерт, а во слободно време поддржува повици за апсење на новинари и нивно затворање. Самата Чупевска даде поддршка на Бранко Тричковски кој се придружи во хајката на Ахмети кон новинарите на националните телевизии како Телма и Алфа.

По мерка на СДС е и Јагода Митревска, која нагласува дека има искуство од набљудување на кампањи во Русија. Па така од набљудувач на кампањи во Русија до креатор на Уставни измени во Македонија.

— реклама —

На листата експерти на СДС се најдоа и нивните дежурни поддржувачи во дебатните емисии како Марија Пандевска и Јетон Шасивари.

Составот на работна група е доказ дека СДС и ДУИ не уживаат никаква поддршка за своите политики во стручната јавноста, па морале да вадат партиски луѓе кои ги користат како дежурни напаѓачи врз ВМРО-ДПМНЕ, поранешни функционери и луѓе со контроверзни ставови“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања