Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

СДС за да владее на поклон ја даде државата на ДУИ, Талат Џафери од ДУИ стана премиер поради слабата СДС, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Untitled-1

„СДС за да владее на поклон и ја даде државата на ДУИ и во намерата да си ги сочуваат фотелјите плаќаат скапа цена кај нивните газди во ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

Цената ја гледаме и денес изразена во Талат Џафери премиер.

— реклама —

Од друга страна нивните надежи се дека ДУИ на СДС ќе и ги собира албанските партии во коалиција, и од Косово ќе се диктира овој процес за СДС да го ублажи својот дебакл. Тоа така не оди. Јасно е што правите.

Едноставно е, СДС за да владее на поклон ја даде државата на ДУИ, Талат Џафери од ДУИ стана премиер поради слабата СДС.

— реклама —

Талат Џафери е човекот кој е препознатлив по кршење на Уставот, законите, Деловникот за работа на Собранието.

Талат Џафери е човекот од кој не може да се очекува нешто поинаку од тоа што го правеше до сега, бидејќи во континуитет газеше по правните норми на државата.

Талат Џафери е човек кој доаѓа од партија во која на сите челници устите им се полни со европски вредности, но чии постапки покажуваат само како се кршат истите.

— реклама —

Оттука од Талат Џафери единствено може да се очекува и да се мисли дека само може полошо.

Поради ваквите лоши практики и политики на кои сите сведочеа седум години, може да се каже дека подобро и поинаку може да биде само по 8 мај, односно по изборите.

— реклама —

На 8 мај граѓаните ќе стават крај на лошите политики кои ги гледаме од СДС и ДУИ.

Во Македонија никогаш не било полошо, затоа важно е да ги поразиме!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања