Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

СДС злоупотребувајќи ја историјата им донесе болна сегашност на македонските граѓани, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
26082022_pres_PVRSM-Kovacevski_Nikolovski_1-1

СДС е најбугарската партија во Македонија, тие не се оградија од ставот на Заев и коалициониот партнер Георгиевски дека Бугарите биле ослободители, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Првин Заев, сега и Георгиевски велат дека Бугарите се ослободители. Ковачевски само ги следи и спроведува нивните политики.

Ковачевски е послушник на Заев и Георгиевски, и затоа не смее да ги осуди негаторските изјави на неговите ментори.

— реклама —

Апелираме Ковачевски да се образува историски, да смогне сили и да се одрече од коалицијата со луѓе кои тврдат дека Скопје е ослободено заедно со Бугарите, а во крајна линија што поскоро да распише предвремени парламентарни избори, на кои конечно комунистичката партија СДС ќе замине од политичката сцена во Македонија, а на сцена ќе дојдат политиките на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе носат иднина за Македонија.

— реклама —

СДС е најбугарската партија, која предводи пробугарска коалиција.

Жални и очајни се сите тезите на СДС, тие се партијата чиј претседател Заев кажа дека македонскиот јазик и бугарскиот јазик се ист јазик. Тие се партија која е во коалиција со Љубчо Георгиевски.

— реклама —

СДС злоупотребувајќи ја историјата им донесе болна сегашност на македонските граѓани“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања