Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

СДСМ: 146 милиони евра се инвестираат во патишта,водовод и гасовод во Пелагонискиот регион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Владата предводена од СДСМ во континуитет вложува во капиталните инвестиции. Само во ресорот транспорт во пелагонискиот регион моментално се реализираат педесетина проекти или инвестиции во вредност од 146 милион евра. Заврши обновата на петнаесетина регионални патишта, шест проекти за водоводи и канализации, како  и  изградбата на  пругата од Битола до Кременица, се вели во соопштението од СДСМ.

Како дел од  од поголемите проекти кои се во тек се рехабилитацијата  на регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола, во должина од 15 километри ,инвестиција од речиси еден милион евра, изградбата  на магистралниот гасовод од Неготино преку Прилеп до Битола, првата фаза од експресниот пат Градско-Дреново.

— реклама —

Обновата на патот Битола-Тополчани-Прилеп е од огромно значење за 6 општини и 22 илјади жители на општина Могила, со кој значително се подобрува руралното живеење.

— реклама —

Проекти кои треба да стартуваат во периодот кој следува се реконструкцијата  на постоечката делница од Фариш до Дреново,  проекцијата за изградба на експресен пат Битола-Меџитлија, а истовремено ќе се работи и на обнова на патишта во Крушево, Ресен и Прилеп.

— реклама —

Изградбата на експресниот пат Битола – Меџитлија, обиколницата која е во план како  и  изградбата на автопат од Битола до Прилеп е од големо значење на овој регион.

Еден од главните приоритети на Владата предводена од СДСМ е подобрување на животот на граѓаните и подобрување на економијата во целина преку изградба и реконструкција на патната мрежа низ државата, гасификација на земјата, изградба на комуналната и железничката инфраструктура.

За само две години Владата предводена од СДСМ изгради 500 километри патишта низ целата држава. Не застануваме тука, резултатите само потврдуваат дека на прав пат сме, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања