„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

СДСМ: 2019 ќе биде година на напредок, интеграција, економски раст и повеќе пари кај секој граѓанин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

Со усвојувањето на уставните измени, Македонија отвори нова, светла страница на иднината, стабилноста, безбедноста и економскиот напредок, велат од СДСМ.

— реклама —

„Спроведувањето на Договорот од Преспа ги отвори перспективите, процесите за членство во НАТО и ЕУ се во финална фаза.

Македонија станува 30 земја членка на НАТО, а во оваа 2019 година, се очекува и почеток на преговорите за членство во Европската Унија и отворање на првите поглавја.

— реклама —

2019 ќе биде година на интергација, но и година на економски раст и развој и повеќе пари кај граѓаните.

Предвидено е уште едно зголемување на минималната плата, што значи повеќе пари кај работниците, кај семејствата.

Платите ќе растат во сите сектори, вработените во здравството, образованието, детската и социјална заштита, одбраната, судството, полицијата добиваат поголеми плати за 5 отсто, а преку зголемената помош за претпријатијата, платите ќе растат и во приватниот сектор.

Оваа година се воведува уште една клучна мерка, граѓаните ќе добиваат поврат на ДДВ од 15 отсто за купените производи или платените услуги, со што во секое семејство ќе се обезбеди дополнителен годишен приход.

Реформираниот систем на социјална заштита, ќе обезбеди лицата приметли на социјална помош да добиваат и до 300 отсто зголемена социјална помош, а ќе се зголеми и опфатот на деца кои ќе добиваат детски и образовен додаток.

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат напредок, интеграција, економски раст и повисок животен стандард за сите граѓани“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања