Промени тема
Контакт

СДСМ: 4 години разочарувања - 4 години лoкална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
bogdanka-SDSM-1

На прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, остро ја критикуваше локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи ги изминатите четири години како „четири години разочарувања за граѓаните“.

— реклама —

„Наместо развој и проекти за граѓаните, овие четири години донесоа нечисти општини, урбанистички хаос, поскапи цени и бројни скандали со тендери“, изјави Кузеска. Таа посочи дека општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ станале епицентар на „тендерски шеми и партиски злоупотреби на народните пари“, преку фирми блиски до власта кои добивале милионски договори без конкуренција.

— реклама —

Кузеска обвини и дека јавните пари се трошат за партиски бизнис интереси, додека граѓаните се соочуваат со поскапи сметки за вода, канализација и смет, како и зголемени даноци. „Речиси и да нема општина предводена од ВМРО-ДПМНЕ каде што не се покачени сметките за граѓаните“, рече таа, посочувајќи примери како Прилеп, Штип, Охрид, Битола, Ѓорче Петров, Бутел, Неготино, Гевгелија и Велес.

Најостра критика беше упатена кон управувањето со главниот град. „Скопје стана симбол на хаос во јавниот превоз, нечисти улици и нефункционални јавни претпријатија. Клучните ветувања – бесплатен градски превоз и 250 еколошки автобуси – останаа само на хартија. Наместо тоа, имаме над 150 незаконски дивоградби и криминал тежок над 220 милиони евра“, изјави Кузеска.

— реклама —

Таа порача дека изборните програми на ВМРО-ДПМНЕ останале само на хартија, а граѓаните добиле „четири години изгубено време“.

— реклама —

„Оваа локална власт докажа дека е неспособна, корумпирана и оддалечена од потребите на луѓето. Локалните избори се шанса за промени, за крај на хаосот и враќање на општините во служба на граѓаните“, заклучи Кузеска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ: Предупредувавме, сега се случува: Ново задолжување од 250 милиони евра за до крај на годината

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

„Растот на платите е тема - а не дефокус со кратење на празници“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

СДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од Европа

Македонија | пред 1 ден

karanfilova-panovska-1

Каранфилова Пановска: Македонија е блокирана од лажниот профитерски патриотизам на Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања