Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: 7 конкретни мерки за борба против загадениот воздух

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
46065724_2242678189077887_401652701433167872_n

Скопје со денови е меѓу градовите со највисоко аерозагадување на светот, што претставува ризик за здравјето на граѓаните, вели СДСМ

„Загадувањето на воздухот во Скопје бара преземање неодложни мерки.

Затоа советничката група на СДСМ и коалицијата поднесе иницијатива за одржување вонредна седница на Советот на Град Скопје за загадувањето на воздухот во главниот град.

— реклама —

СДСМ предлага седум конкретни мерки, кои ќе влијаат на намалување на загадувањето и кои треба што побрзо да се усвојат, и тоа:

1. Итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз;

— реклама —

2. Воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје;

3. Итна пренамена на пари во Буџетот на Град Скопје, за зголемување на средствата за борба против загадувањето;

4. Финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, (замена на котлите во системот на затоплување);

— реклама —

5. Подготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје;

6. Чистење на улиците и јавните површини со помош на цистерни и

— реклама —

7. Безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност.

Мерките треба што побрзо да се усвојат, бидејќи се работи за здравјето на граѓаните.

За СДСМ граѓаните се на прво место“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања