Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: 97 милиони евра за модернизација на македонското земјоделство преку ИПАРД 3

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


„СДСМ со ефикасни мерки и политики создава нови и подобри можности за секој македонски земјоделец и за унапредување и модерницација на земјоделското производството.

— реклама —


Ние сме лидери во регионот со најголема искористеност на средствата од европската ИПАРД 2 програма и прва земја во регионот којашто започнува со ИПАРД 3 програмата.


— реклама —

ИПАРД 3 програмата, која започна на почетокот на овој месец на македонското земјоделство му става на располагање неповратни 97 милиони евра од ЕУ за модернизација и дополнителен развој.


Една од новостите во ИПАРД 3 е авансна исплата до 50% од висината на финансиската поддршка, веднаш по потпишување на договорот.

— реклама —

Со помош на ЕУ се отвораат нови перспективи за земјоделството, како една од клучните гранки во државата и тоа за инвестиции и изградба на фарми, објекти за преработка, подигнување на долгогодишни насади, набавка на специјализирани возила но и за изградба на современа инфраструктура во руралните подрачја.


Влезот во ЕУ ќе донесе уште поголеми придобивки и уште повеќе финансиски средства од фондовите на унијата и пазарот од 500 милиони жители.


Блокадата на европскиот пат е блокада на милијарди евра помош за македонското земјоделство и тоа не смее да се дозволи“.

— реклама —

Соопштение на СДСМ

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања