„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

СДСМ: Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се поразени од сопствената партија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се антимакедонски и антизападни марионети спречени во обидите да ја закочат македонската иднина. Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се поразени од сопствената партија и не успеаја да го блокираат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот играч Мицкоски, да ги тргнат на страна рацете од сите граѓани и сите пратеници кои сакаат да ја видат Македонија во НАТО и ЕУ“, велат од владејачката СДСМ.

— реклама —

Според нив 80 пратеници во Собранието слободно, по сопствено убедување и низ демократска постапка гласаа за иднина во ЕУ и НАТО и ја испочитуваа волјата на над 80 отсто од сите граѓани.

„Македонија се обединува околу иднината во ЕУ и НАТО. Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ остануваат изолирани во темното минато на изолација и поделби“, стои во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања