СДСМ апелира да не се политизира настанот во Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
285846388_1164194780788818_2171771388715667132_n

Апелираме до јавноста да не се политизира кривично правниот настан, во кој, по сопствено признание, како сторител се јавува македонски пејач, вели СДСМ.

— реклама —

„Негативните емоции за називот на бугарскиот културен центар во Битола во никој случај не смеат да бидат причина да се оправдува свесно и со умисла подметнување пожар во кој можел да настрада и самиот сторител, но и други лица.

— реклама —

Македонскиот идентитет не се брани со релативизирање на кривични дела. Вандализмот буди друг вандализам, кој може да не внесе во спирала на скандали кои може да бидат погонско гориво за радикални структури во двете земји.

— реклама —

Наша обврска е да бидеме мудри и да не наседнуваме на сценарија чија цел е оддалечување на Северна Македонија од ЕУ.

Имаме разбирање за вознемиреноста на нашите граѓани, но никогаш нема да одобриме насилничко однесување.

Единствено надлежен за ценењето на евентуалните олеснителни околности во конкретниот случај е исклучиво правосудната власт, а не дневната политика.

Конечно, во текот на оваа година ќе бидеме сведоци на отворањето на Македонскиот културен центар во Благоевград. Ние се бориме со вредности, принципи и доследност, а не со насилство“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања