Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

СДСМ бара Арсовска да го продолжи проектот Универзална сала

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
univerzalna-696x395

Реконструкцијата на Универзална сала со месеци стои закочена поради неспособноста на градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска, вели СДСМ

„Наместо реализација на проектот за кој Владата има дадено 2 милиони евра на Град Скопје, Арсовска се обидува со лага да ја оправда својата неработа.

— реклама —

Нејзините невистини ги демантираа и градежниците. Проектот за Универзална е стручен и безбеден, има добиено позитивно мислење од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, од Градежниот факултет, а надзорот ги одобри сите градежни зафати.

За овие 4 месеци и колку што е градоначалничка, Арсовска требаше да ја заврши оваа фаза од проектот, а не да измислува празни оправдувања.

— реклама —

Данела Арсовска да престане да измислува оправдувања и да го заврши овој важен проект за скопјани, но и за целата држава.

— реклама —

Градоначалничката на Скопје да не ги потценува граѓаните туку да почне да го работи она за што ја добила довербата – да реализира проекти во интерес на Градот“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања