Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ бара од Русковска истрагата за Рекет да се забрза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
1942279_boki_ls

„Во белиот дворец, симболот на криминалот и корупцијата, продолжуваат со ширење на лажни вести и невистини, повикувајќи се на дезинформации објавени во медиуми, што говори за степенот на очај во ВМРО-ДПМНЕ. Станува јасно дека како што се развива истрагата за случајот Рекет, така паниката во ВМРО-ДПМНЕ е се поголема.

— реклама —
Попречување истраги, нарачување предмети и пресуди беше одлика на криминалниот режим на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —
Надлежните институции да откријат како исказот на еден од осомничените стигнал до медиумите, а Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да се изјасни за веродостојноста на објавениот исказ.

Објавувањето на вакви доверливи документи со цел да се поткопа истрагата е кривично дел, а доколку се докаже дека одредени медиуми свесно манипулирале со содржината на документот, мора да следува одговорност согласно правните норми.

— реклама —

Истовремено, ова е уште потврда за потребата од забрзување на истрагата и лоцирање на сите вмешани во случајот Рекет. Нарачателите, извршителите и помагачите и сите вмешани, од прв до последен, да одговараат за своите постапки.

— реклама —

Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку дезинформации да ја наруши постапката, да ја загрози истрагат и да ги заштити криминалците и своите тајкуни, ќе одговараат сите за кои низ судска потапка ќе се докаже вмешаност во овој случај.

Ги повикуваме надлежните институции да го расчистат овој случај но и сите останати предмети и истраги, а виновниците да одговораат без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност“, пишува во соопштението на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања