Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

СДСМ бара одговорност за еколошките пожари, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со обвинувања за лицемерие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-09-13-at-22.19.00

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција предупреди дека пожарот во Трубарево отвора сериозни прашања за кои институциите мора да понудат одговори. Таа нагласи дека граѓаните имаат право да бидат информирани за загадувањето на воздухот и побара одговорност за, како што рече, еколошката катастрофа што ја зафаќа Скопје.

Кузеска праша колкаво количество токсичен отпад изгоре, каква е концентрацијата на опасни материи во воздухот и дали престојот на отворено е безбеден за деца, бремени жени и хронично болни лица. Таа го нарече „врв на неодговорност и незаинтересираност“ тоа што, како што наведе, клучните луѓе во државата наместо решенија даваат изговори.

„Премиерот Мицкоски вели дека воздухот само изгледа загаден, Стојанче Ангелов зборува за хибриден напад, Панче Тошковски е загубен, Орце Ѓорѓиевски гледа ‘политички пожари’. Граѓаните се гушат, а институционален одговор нема,“ рече Кузеска, додавајќи дека Владата личи на „шатор на циркузантска трупа која прави шоу додека горат депонии и фабрики“.

— реклама —

СДСМ побара итна и темелна истрага за сите пожари и политичка и кривична одговорност за сите што го прекршиле законот, но и за институциите кои не постапиле навреме.

— реклама —

На изјавите на Кузеска веднаш реагираше ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја СДСМ за лицемерие.

„Додека на пресови шират паника и лажна грижа, раководството на СДСМ ужива на забави и заборава на маските и загриженоста што ја прикажуваат пред јавноста,“ стои во партиското соопштение.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните ја препознаваат „дволичноста“ на опозицијата, а како што додаваат, „најтрагично ќе биде ако се докаже дека СДС и ДУИ стојат зад подметнатите пожари пред избори“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски сега ја анализира водата во Гостивар, додека граѓаните сѐ уште се трујат

Македонија | пред 7 часа

media-library58o0pptggnvpf5JpTKc

„100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на цените“, вели СДСМ

Македонија | пред 11 час

media-libraryog87t9jodr220cKhxQe

СДСМ: Трета економија во Европа, прва по празни фрижидери

Македонија | пред 14 часа

media-libraryfao3unqlt891dzUtMSV

„Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот премин“, велат од СДСМ

Македонија | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања