Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Болни лаги на ВМРО-ОКГ – од погребот на дедото на Димитријевиќ прават „таен состанок“!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library78gbr1ap8avtfzReKWD

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

ВМРО-ОКГ и нивните пропагандни медиуми во сопственост на Орбан целосно го изгубија чувството за морал и елементарна човечност, велат од опозициската СДСМ.

„Манасиевски и криминалната група ВМРО тврдат дека генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, имал „тајни средби во Скопје“ со Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ.

Да ли сте нормални? Кој е тој Јован Ратковиќ?

— реклама —

Генералниот секретар на СДСМ не ги познава ниту Ружиќ, ниту Башановиќ, Ратковиќ.

Уште првиот ден јасно ги демантираше вашите лаги, а вие продолжувате да лажете.

Дури и вашиот „манекен“ Манасиевски изјави дека „Саша не демантирал“!

— реклама —

Единствената вистина е дека Саша Димитријевиќ беше во Србија на погребот на својот дедо.

Од човечка тага и семеен момент, ВМРО-ОКГ прави нова „афера“.

Ова е веќе класичен пример на болна, безобразна и патолошка кампања која ја води ВМРО-ОКГ.

Ова е дел од операцијата со Black Cube – приватниот „Мосад“ што Мицкоски и ВМРО го ангажираа за следење и фабрикување афери против опозицијата.

— реклама —

Истата фирма, која кај Мицкоски дошла преку неговиот „брат“ Орбан, го правела истото на опозицијата во Унгарија и Словенија, за што пишуваа медиумите во Европа.

ВМРО-ОКГ е во слободен пад.

Паднаа за 150.000 гласови, во паника се и единственото што им останува е да фабрикуваат лажни афери дури и од погреби.

— реклама —

СДСМ продолжува да работи за граѓаните. Нема да не запрете да ја изнесеме целата вистината.

Ние се бориме за европска иднина на Македонија, а не за лудилото кое вие го произведувате.

Манасиевски, доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста, а ти ќе живееш во Скопје со срам која засекогаш ќе го носиш“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања