Промени тема
Контакт

СДСМ: Буџетот за 2021 година обезбедува посилна поддршка за здравството и можности за брзо закрепнување на економијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
budzet-5

Владата предводена од СДСМ со предлог-Буџетот за 2021 година праќа јасна порака дека помошта за економијата, помошта за спас на работните места, поддршката на најранливите категории но и поддршката за јавното здравство продолжуваат уште повеќе и во следната 2021 година, се вели во соопштението од СДСМ.

Тие во истото додаваат:

Вкупните приходи на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година се планирани на ниво од 212,6 милијарди денари, што е за 8,3% повеќе во однос на вториот ребаланс 2020 година.

— реклама —

Расходите се проектирани на ниво од 247,5 милијарди денари што е за 2,1% пониско во однос на вториот ребаланс на Буџетот за 2020 година.

Во Буџетот за економски работи планирани се 70,2 милијарди денари, за социјална заштита 90,28 милијарди, а за здравство 40,8 милијарди.

Буџетот за 2021 година треба да обезбеди поддршка и унапредување на здравствениот сектор, пред се заштита на здравјето и на животот на сите граѓани, да го поддржи економското заздравување, со помош во справувањето со последиците од пандемијата и да овозможи ефикасно спроведување на потребните реформи.

— реклама —

Затоа е важно сите пратеници, низ отворена, инклузивна и транспарентна дебата во Собранието, да го поддржат Буџетот за 2021 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања