Промени тема
Контакт

СДСМ чека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да го вратат името и ја тргнат „северна“ кои тие го сменија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

СДСМ ја повика власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски да објасни зошто не го исполнила ветувањето за враќање на уставното име на државата и поништување на Преспанскиот договор.

Од опозициската партија велат дека власта избегнува да даде одговори за, како што наведуваат, низа прашања поврзани со тендери вредни 100 милиони евра, минималната плата, како и за наводни врски со криминални структури.

„Нема одговор од ВМРО за криминалните тендери вредни 100 милиони евра, нема одговори зошто не се покачува минималната плата, нема одговори за дилот со Груби, за пет тони дрога преку граница, за врските со Адамовиќ и криминалецот Симе“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Според нив, темата за името повторно се отвора со цел, како што велат, да се сврти вниманието од други прашања.

— реклама —

„Секогаш кога немаат одговори, кујните на ВМРО прават дефокус со нови црни кампањи. Наместо лажни кампањи, нека излезат пред граѓаните и нека одговорат зошто досега не го вратија името“, велат од СДСМ.

Оттаму потсетуваат дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со години ветувале дека ќе го поништат Преспанскиот договор и дека тој „не е завршена работа“.

— реклама —

„Еве две години Мицкоски е апсолутна власт во државата. Има мнозинство во Собранието од 58 пратеници, а со поддршка од други партии има и двотретинско мнозинство. Зошто тогаш досега не го вратија името како што ветуваа пред граѓаните?“, прашуваат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylmokijtkrg4p6MVhGbG

„Јасно и гласно до СДС и Филипче, вие со Заев што ја распродававте Македонија за личен профит, згради и станови во Дубаи сте во длабока опозиција“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: На кој Шефшет од АТС мислат, на оној на кој Заев му даде дипломатски пасош или на АТС чии претставници се сликаа со целото раководство на СДС и ДУИ?

Македонија | пред 1 час

media-libraryn14pmk310fe70msKsql

„На какви дроги е мали Фрчко овој пат, зборува за набавка која не е наменска за патувањето во Њујорк“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 4 часа

media-libraryjo993k4f1sbucOiwmUZ

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија со најниски цени на горивата во регионот

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања