Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Цените растат, платите стагнираат – Мицкоски ги остава граѓаните да тонат во сиромаштија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
pari-1

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Секој изминат месец имаше нови поскапувања. Од почетокот на годината трошоците за живот се зголемени за 4.000 денари, велат од СДСМ.

„Октомвриската синдикална минимална кошничка надминува 70.000 денари, а со кирија достигнува речиси 90.000 денари. Ниту три минимални плати не ги покриваат основните трошоци на едно семејство.

— реклама —

Околу 180.000 работници примаат помалку од 31.200 денари месечно, а минималната плата останува закована на 26.000 денари. Работникот работи цел месец, а платата не му стигнува за живот.

Тоа е реалноста зад бајките на Мицкоски: не трета економија во Европа, туку животен стандард на една третина од европскиот.

— реклама —

Арамијата Мицкоски ги одби мерките на СДСМ за заштита на стандардот на почеток на кризата. Одби минимална плата од 600 евра, одби поддршка за земјоделците. Цела година гледа како растат цените, а одбива да им помогне на граѓаните.

Од јануари наредната година се најавуваат нови поскапувања, повисоки сметки за струја и парно.

Додека во Европа се преземаат мерки против новиот енергетски удар, владата на Мицкоски ги остава граѓаните сами.

— реклама —

И со новиот ребаланс повторно исто: нема повисока минимална плата, нема мерки против поскапувањата, нема помош за земјоделците. Има нови долгови и високи камати, чија сметка ќе ја плаќаат граѓаните и идните генерации.

За само две години Мицкоски го зголеми долгот за 4 милијарди евра, половина од вкупниот досегашен долг на државата.

— реклама —

Долг врз долг, ребаланс врз ребаланс – а за народот нема пари, граѓаните сè потешко живеат.

Оваа сиромаштија е последица на одлуките на Мицкоски, да нема пари за работниците, да има само за партиските тендери“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytg6se3qaeag85vXuszA

СДСМ: Економската реалност е поинаква од ветувањата на Мицкоски

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Измените на Законот за јавни набавки отвораат простор за корупција и договори без тендер

Македонија | пред 18 часа

media-librarydh478nk3bt4a8pTWIOs

(Видео) „На 13 ноември Скопје беше ослободено, а денеска е заробено од криминална власт“, вели Давчевски

Македонија | пред 1 ден

media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

„Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања