Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Честит 1-ви април, денот на Мицкоски и неговите лаги!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Денешниот ден е на Христијан Мицкоски и неговите лаги. Во отсуство на програма, план, идеја и визија, Христијан Мицкоски своето делување го сведе на лажни вести, деструкции и блокади на иднината на државата и граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Во морето на невистини и лаги пласирани од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ може да се издвојат:

— реклама —

Мицкоски лажеше дека не бил асистент кај неговиот татко-професор, се потврди сосема спротивното.

— реклама —

Христијан Мицкоски излажа дека не добивал пари за неговиот ангажман како советник на Никола Груевски, инаку негов ментор. Се потврди дека ангажманот како советник на Никола Груевски, ги чинел граѓаните околу 2 милиони денари.

Мицкоски лажеше и за бизносот со хидроцентралите и земјиштето што го добил од владата на Никола Груевски, токму во времето кога му бил советник на Груевски.

— реклама —

Помеѓу последните е лагата на Мицкоски дека неговата партија поднела амандмани до Министерството за правда во хартиена форма, што се покажа дека е целосна невистина.

— реклама —

Тоа е Христијан Мицкоски, лаги, деструкции и ништо друго.

Честит 1-ви април, денот на Мицкоски и неговите лаги, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања