Промени тема
Контакт

СДСМ: Дата-центри, антимон, арамијата Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 13 часа -

Македонија
sdsm-i-mickoski

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Од Вашингтон донесе нова стока.  Дата-центри што ја јадат струјата. Рудник за антимон што ја јаде земјата. Иста реченица: стратегија, богатство, стандард. Истиот метод: бројка без хартија, проект без име, народ што ќе плати после, велат од СДСМ.

„Што е антимон? Без бајка.

Метал. Ретко се копа. Оди главно во воена индустрија - муниција, олово, пламен.

Мицкоски сам го кажа. Не е леб. Не е плата. Тоа е суровина за туѓа фабрика за оружје.

Како се вади: се копа руда, се дроби, се топи. Од јаловината и од водата околу рудникот излегува отров. Антимонот влегува во почва, во река, во бунар. Потоа во растенијата. Потоа во човекот.

СЗО има строг лимит во вода за пиење. Американската и европската агенција го водат како приоритетен загадувач.

Во близина на стари рудници во светот почвата и водата години остануваат отровни.

Се врзувааѕ често и со арсен. Белите дробови, црниот дроб, кожата, срцето - тоа не е пропаганда. Тоа е токсикологија.

— реклама —

Затоа на повеќе места во Европа такви ископи се запираат или се оспоруваат: не затоа што некој мрази инвестиции, туку затоа што после рудникот останува дупка и отров, а профитот заминува.

Тој вели резервите биле поголеми од првиот и вториот производител во светот. Не кажа колку тони. Не кажа каде. Не кажа кој копа. Не кажа што останува за селото до јаловиштето.

Истата шема како кај дата-центрите: пет-шест фирми под радар, гаранција на камера.

Зошто сега? Затоа што две и пол години нема резултат што се јаде.

— реклама —

Кошничката е до плафон поскапена. Пензијата е украдена со линеарни теилјада денари. ЕСМ тоне. Државата се задолжува. Водата се забранува по селата и населените места.

Тогаш се вади антимон и сервер како да се лек. Не се лек.  Распродажба се.

Струјата за туѓа дигитализација. Рудата за туѓа војска. Провизијата за арамија.

Арамијата Мицкоски е армагедон за татковината.

— реклама —

Кога нема економија, продава ресурс. Кога нема ресурс, продава иднина.

Дата-центар плус антимон не е стратегија. Тоа е ликвидација на она што народот го пие, го ора и го плаќа.

СДСМ не е против руда ако државата знае што копа, што остава и што зема народот.

Ова не е тоа. Ова е договор без народ. Македонија не е депонија за туѓа индустрија и не е приклучок за туѓ сервер“ се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања