Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

СДСМ: Десет математички прецизни факти за Мицкоски да може да учи економија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

„Еве 10 математички прецизни факти за Христијан Хидро Мицкоски, да се потсети и да научи што значи економија, економски раст и развој, како резултат од успешните економски политики во изминатите 2 години:

— реклама —

— реклама —

1.       Индустриското производство во 2018 година имаше највисок раст во последните 7 години, споредено со економското уназадување во време на ВМРО-ДПМНЕ!

— реклама —

2.       Растот на индустриското производство продолжи и во 2019 година. Официјалните податоци на Државниот завод за статитика покажуваат дека индустриското производство бележи раст од 8,8 отсто во првото тромесечие од 2019 година!

3.       Од - 1.8% во времето на ВМРО-ДПНЕ македонската економија, БДП, порасна на +4,1%!

4.       Невработеноста ја намаливме на историски најниски 17,8%.  За 2 години отворени се над 49 илјади нови работни места!

5.       Странските инвестиции бележат нови рекорни износи. Извештајот на Конференцијата на Обединетите нации забележа најголем рекорден пораст од 260% на странските инвестиции во Северна Македонија, најмногу во целиот регион!

6.       Просечната плата за 2 години порасна за околу 2.000 денари!

7.       Минималната плата ја зголемивме од 9.000 денари во 2016 година на 12.500 денари во 2019 година!

8.       Повисоки плати за 10% и 5% за вработените во здравството, образованието, градинките, одбраната, културата, полицијата, јавната администрација...

9.       Просечната пензија за две години порасна за 826 денари.

10.    Социјалната помош е зголемена за повеќе од 300% - четиричлено домаќинство во социјален ризик ќе добива месечен надоместок од 10.600 денари, наместо досегашните 3.029 денари.

Христијан Хидро Мицкоски ова се економски факти. Со преземањето на ресорот финансии од страна на премиерот Зоран Заев, економските лекции допрва ќе се прошируваат и зголемиваат, во интерес на граѓаните и државата. Но, има Мицкоски време за учење“, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања