Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

СДСМ десетина дена пишува за медот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
384754807_871472554341482_2138893706618634071_n

„ДПМНЕ со рацете во медот, мора да има одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини“, велат од СДСМ, кои ова го споменуваат во соопштенија околу десетина дена.

„ДПМНЕ, освен рацете во медот, не знае ништо друго.

— реклама —

Општина Битола, под капатата на ДПМНЕ набавува машина за бележење хоризонтална сигнализација по цена од речиси 50.000 евра.

— реклама —

Иста машина е набавена и од ДПМНЕ во Општина Велес по нешто пониска цена од околу 42.000 евра.

Овие цени се 3-4 пати повисоки од реалните, со оглед на тоа што општина Центар, купила иста таква машина, но за 13.000 евра.

— реклама —

Разликата е огромна. Битола платила дури 37.000 евра повеќе од Центар, а Велес дури 29.000 евра.

— реклама —

Прашање е во чии џебови завршила разликата.

Овие астрономски суми се пари на граѓаните и токму затоа одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини од страна на ДПМНЕ, мора да има“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања