СДСМ: Димче Арсовски го дозакопа Христијан Мицкоски, советниците на Груевски, меѓу кои и самиот Мицкоски, државата ја чинеа 1,73 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Димче Арсовски го дозакопа Христијан Мицкоски. Граѓаните добро знаат дека токму Христијан хидро Мицкоски беше еден од дури 91 советници на бегалецот од правдата, Никола Груевски, кои ги чинеа над 1,7 милиони евра! Згора на се, Христијан Мицкоски безобразно лажеше дека за местото советник на Никола Груевски, не земал паричен надомест, односно работел „про боно“, се вели во Соопштението од СДСМ кое е  реакција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Во продолжение на реакцијата од СДСМ додаваат:

— реклама —

Сосема спротивно, се потврди дека Христијан Мицкоски на листата на советници на Никола Груевски имал плата со коефициент 1,8!

— реклама —

Над два милиони денари ги чинеше граѓаните совеничкиот ангажман на Мицкоски во кабинетот на Груевски.

2 милиони денари за Мицкоски да го советува Груевски како да се водат погубни енергетски политики, и како струјата да поскапи за 100%. Тоа е зијанот на граѓаните од советувањата на Мицкоски, 100% поскапа струја!

За другите, вкупно 91 советник на Груевски годишно од Буџетот на државата, се одвојуваа над 1,73 милиони евра, односно пет пати повеќе од таа што сега ја кажува ВМРО ДПМНЕ.

Советниците на Груевски и нивните плати беа тајна за којашто не смееше да се зборува, а камоли да бидат транспарентно објавени.

Меѓу листата на советници на Груевски за кои од Буџетот се одвојуваа над 1,7 милиони евра годишно, покрај Мицкоски се наоѓал и Луке Галевски, актуелниот шеф на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, денеска најголемиот извор на лажни вести и конструирани случаи.

После 7 изборни порази зад себе, Мицоски и ВМРО ДПМНЕ никако да ја научат лекцијата и да ја примат пораката што им ја праќаат граѓаните. Затоа уште долго остануваат во опозиција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања