Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

СДСМ: До 90 отсто пониски цени за услуги во роаминг во земјите од Западен Балкан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Од денеска, при секое патување во Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора, граѓаните на Република Северна Македонија ќе можат да испраќаат и добиваат СМС, да прават и добиваат повици и да користат интернет за цени пониски до 90 отсто, се вели во соопштението од СДСМ.

За споредба досегашната просечна цена за извршен повик во земјите од Западен Балкан беше 75,4 денари, а од денеска, просечната цена ќе биде 5,05 денари по минута со вклучен ДДВ.

— реклама —

Цените се линеарни и важат за секој оператор и секоја земја.

— реклама —

Со ова се намалуваат трошоците за граѓаните и се олеснува комуникацијата.

Дополнително, од 1ви јули 2021 на сила се очекува да стапи и "Роаминг како дома" по примерот на земјите од ЕУ,  со што граѓаните нема да плаќаат воопшто било какви роаминг услуги, било да се тоа повици, пораки или интернет.

— реклама —

Владата предводена од СДСМ останува посветена на креирање и имплементација на мерки кои ги намалуваат трошоците на граѓаните и враќаат се повеќе пари во семејните буџети, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања