„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

СДСМ до репрезентативците: Цела држава е горда на вашиот историски успех!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
13112020_Docek_na_makedonskata_fudbalska_reprezentacija_2

Честитки до македонските репрезентативци од СДСМ, во честитката се вели:

— реклама —

Честитки за одличната, пожртвувана и тимска игра на нашите фудбалски репрезентативци, кои со синоќешната победа испишаа светло поглавје во историјата на македонскиот спорт.

Вашата посветеност, борбеност и одлучност за победа е пример за сите, пример дека се е возможно ако се даде се од себе.

— реклама —

За првпат македонската фудбалска репрезентација ќе игра на Европското првенство. Цела држава е горда на победата и историскиот успех на македонските фудбалери.

Во овој сериозен период, кога целата држава, но и целиот свет со справува со коронавирусот, нашите фудбалски репрезентативци донесоа радост и гордост во секој дом, кај секој граѓанин.

Репрезентативците и граѓаните имаат на што да бидат горди. За првпат, Северна Македонија во друштво со најсилните фудбалски нации во Европа.

Честитки за пласманот, заедно да се радуваме на нови победи на Европското првенство во 2021 година!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања