Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Брзата и ефикасна интервенција на службите спречи уште поголема катастрофа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Морбидното ВМРО-ДПМНЕ нема концепт и продолжува да злоупотребува несреќи и човечки трагедии за дневнополитички цели, велат од СДСМ.

— реклама —

„Во период кога се уште има лица кои се борат за живот по страотната несреќа, ВМРО-ДПМНЕ на морбиден начин се обидува да собере ситни политички поени.

— реклама —

Благодарение на брзата, ефикасна и навремена интервенција на здравствените служби, итната медицинска помош, противпожарната служба и Министерството за внатрешни работи беше спречена уште поголема катастрофа, а можеби и повеќе човечки жртви.

Целокупниот здравствен систем беше активиран во рок од 15 минути по информацијата за несреќата која се случи кај селото Ласкарци а екипите и службите на Министерството за здравство покажаа максимален и професионален ангажман во спасување на животите на тешко повредените.

— реклама —

Во меѓувреме тече истрагата за несреќата во Ласкарци  од страна на Основното јавно обвинителство, а според јавно објавените информации, веќе се обезбедени докази и се сослушуваат сведоци за целосно расветлување на  истата.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ да престане со морбидната навика да злоупотребува несреќи и да ги остави надлежните институции да ја расчитат несреќата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања