Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

СДСМ: Додека другите влегуваат во Европа, Македонија станува слепо црево на Балканот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Македонија
makedonija-evropa-eu-mkd-2

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Црна Гора и Исланд би можеле да влезат во Европската Унија како пакет. Црна Гора веќе има затворено поглавјата и цели членство во 2028 година. Исланд, доколку на референдумот одлучи да ги продолжи преговорите, брзо може да ја стигне. Албанија напредува. Молдавија напредува. Украина напредува. Македонија стои во место, велат од опозициската СДСМ.

„Мицкоски вети дека до 1 јуни ќе ја исполни Реформската агенда.

Рокот истече.

Реформите повеќе не ги ни спомнува.

— реклама —

Додека другите земји затвораат поглавја и преговараат за датуми, кај нас сè уште се чека Мицкоски да се врати од екскурзијата во Брисел и да ни соопшти што договорил за францускиот предлог.

Тимчо веќе прозбори за „таен план - план под радар“. Само уште Мицкоски да признае.

Проблемот е како тоа да им го каже на своите гласачи.

Ништо не исполни.

— реклама —

Лажеше за името, за Преспанскиот договор, за подобри услови, за гаранции…

Сега мора да ја признае политиката на СДСМ, исто како што призна дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата.

За НАТО веќе признаа и тој и Тимчо - дека е феноменален заради безбедноста на граѓаните и сигурноста на странските инвестиции.

Јазикот, културата и националниот идентитет се апсолвирани, како што рече претседателката Сиљановска.

Сега останува уште ова признание.

— реклама —

Мицкоски, можеш ти тоа.

Признај дека си лажел, но барем обезбеди подобра иднина за граѓаните на Македонија.

Додека другите влегуваат во Европа, Македонија се претвора во слепо црево на Балканот.

Ова е резултат на свесна политика на изолација.

— реклама —

Стравот од европското јавно обвинителство е голем.

Политика која ја штити криминалната група на власт, а граѓаните ги остава без перспектива.

Европа се движи напред.

Мицкоски и ВМРО нè држат назад. До кога“, се вели во партиското соопштение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања