Промени тема
Контакт

СДСМ: Договорот со Бугарија затвори децениско прашање и го отвори патот кон членство во НАТО и интеграција во ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev-borisov

Пред три години, Владата предводена од СДСМ водејќи се од државните и национални интереси, покажа храброст и решителност во решавањето на отворените прашања со соседите.

— реклама —
На денешен ден пред три години се потпиша Договорот за присталество, добрососедство и соработка со Република Бугарија, Договор кој затвори повеќедецениско прашање меѓу двете држави, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —
Токму Договорот со Бугарија, а подоцна и Договорот од Преспа  ни донесоа членство во НАТО, отворен процес за преговори за членство во ЕУ, но и копретседавање на Берлинскиот процес годинава со што за прв пат земја која не е членка на ЕУ, зазема лидерска позиција во оваа регионална програма на ЕУ за Западен Балкан.

Договорот со Бугарија денес е инспирација за соработка и добрососедство во регионот но и пошироко, а на македонскиот наорд и на сите граѓани во Република Северна Македонија им донесе сигурна, стабилна и безбедна иднина во НАТО и ЕУ.

— реклама —

Денес и со Бугарија и со сите останати соседи имаме одлични добрососедски односи и искрени и посветени поддржувачи на евроатлатнскиот пат.

Со постигнатиот договор, создадовме модел со кој го поставивме споделеното минато како темел за подобра иднина и подобар живот на нашите граѓани, се вели во соопштението од СДСМ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања