СДСМ докажано е дека клевети, дури ни Кацарска судството не можеше да ја промени вистината, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Сите меѓународни извештаи потврдуваат дека во Македонија судството е заробено и граѓаните не веруваат во правосудниот систем, но сепак лагите и клеветите на СДСМ не можат да бидат не осудени, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Дури и Кацарска - судството не може да ја промени вистината, а тоа е дека СДСМ, Димитар Ковачевски и Зоран Заев лажат и клеветат.

— реклама —

И на целосно заробено судство вистината не може да биде заобиколена, а лагите изнесени врз ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски пред изборите излегоа на виделина.

— реклама —

Последните пресуди во корист на претседателот Мицкоски, каде што се осудени СДСМ и некои тајни или јавни перјаници на СДСМ и Ковачевски се доказ дека освен неработа, СДСМ се познати и по креирање на афери, лаги и измислици.

На последните локални избори се докажа дека граѓаните не веруваат на штабските креирани лажни афери, но тие лаги сега не можеше да не се осудени и од страна на заробеното судство.

За многу брзо ќе дојде време кога судството и обвинителството целосно ќе бидат ослободени од спрегите на СДСМ, Ковачевски и кланот Заеви. Граѓаните мора да добијат правосуден систем целосно независен и во корист на законот и правдата“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања