Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СДСМ: Државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници кон лозарите од 1,5 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zemjodelci

Владата предводена од СДСМ изнајде решение, државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници кон лозарите кои со години не можеа да го наплатат предадениот род од 2014-2016 година, велат од СДСМ.

„Со ова решение, над 1.5 милиони евра ќе завршат директно кај лозарите во Тиквешкиот регион.

— реклама —

Со предлог измени на Законот за земјоделство и рурален развој кои треба да се најдат во Собранието, ќе се постави правен основ државата да ги преземе неподмирените обврски кон лозарите кои во периодот 2014-2016 година го предале грозјето во винарници кои биле регистрирани во регистарот на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, а не добиле пари за предаденото грозје.

Веднаш потоа државата ќе го преземе долгот кон лозарите кои побаруваат пари за предадено грозје во конкретниот период, за да бидат исплатени во најкус рок.

— реклама —

Продолжува вистинската грижа кон лозарите, кон земјоделците. Се решава уште еден наследен проблем од власта на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања