Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Државата ќе ги исплати долговите на винарниците кон лозарите кои со години не можеа да го наплатат предаденото грозје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа кон земјоделците, изнајдено е решение, државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници кон лозарите кои со години не можеа да го наплатат предаденото грозје, велат од СДСМ.

— реклама —

„Преку измените на Законот за земјоделство и рурален развој, кои треба да влезат во собраниска процедура, ќе се постави правен основ државата да ги преземе неподмирените обврски на винарниците кон лозарите.

— реклама —

Со ова решение, над 1.5 милиони евра ќе завршат директно кај лозарите и нивните семејства.

— реклама —

Понатаму, средствата државата ќе ги побарува од винариите кои што должат.

Низ одговорен и инклузивен пристап, Владата предводена од СДСМ продолжува да ги решава наследените проблеми од претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено, Владата останува посветена на спроведување на мерки што го унапредуваат земјоделството, обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за земјоделците“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања