„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

СДСМ: Двојно зголемени субвенциите за оризопроизводителите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zemjodelci

Новите програми за зголемена финансиска поддршка за земјоделците ја потврдуваат заложбата на Владата предводена од СДСМ за развој и унапредување на земјоделството, велат од владејачката СДСМ.

— реклама —

„Се зголемуваат субвенциите за јаболкопроизводителите од 33.000 на 41.000 денари по хектар. Значително поголеми субвенции ќе добијат и производителите на ориз. Финанската поддршка за оризопроизводителите ќе се зголеми од 12.000 на 25.000 денари по хектар со кроистен сертифициран семенски материјал, односно од 6.000 на 18.000 денари по хектар без задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал.

Со мерката „зелена нафта“ земјоделците што имаат поледелски, градинарски, овошни култури и лозови насади добиваат поддршка од 30 отсто за набавка на нафта за земјоделската механизација.

— реклама —

Вкупната државна поддршка за мерката изнесува 200 милиони денари, а со неа ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци.

Зголемена финансиска поддршка е обезбедена и за сточарите, овоштарите и градинарите.

Ова се само дел од новите развојни мерки што обезбедуваат зголемена поддршка и повеќе пари кај земјоделците и мерки, што го унапредуваат и развиваат земјоделството како една од клучните стопански гранки. Владата предводена од СДСМ останува посвестена на вистинска грижа за земјоделците“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања