Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ е очајна, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev-odgovornost

„СДСМ соочена со падот на рејтингот и својата неспособност очајнички со манипулации се обидуваат да се оправдаат за епидемијата на непотизам на врвот од власта која што владее во Македонија.

— реклама —

Имено тие наместо да мачкаат очи на јавноста треба да одговорат како е возможно во само неколку месеци да имаме стотици случаи на непотизам од сите нивоа на власта. За само неколку месеци тие ги вработија мајките, синовите, ќерките, браќата, сестрите, сопрузите, сопругите, зетовците, снаите золвите и свекрвите на видните партиски функционери во државната администрација за примања повисоки од просечните. Оправдувањата патем им се дека речиси секогаш роднините или биле или единствени кои конкурирале или најдобрите кандидати.

СДСМ и должат на јавноста објаснување, но и одговорност како тоа на толку невработени, особено млади и дипломирани кадри, место во администрацијата има за нивните роднини, а не за останатите граѓани. Во ситуација кога има над 500 илјади граѓани кои живеат во сиромаштија, кога се покачуваат акцизите и даноците, кога расте јавниот долг, буџетот се оптеретува со нови вработувања на роднини кои ќе ги плаќаат граѓаните од свој џеб.

— реклама —

Оваа епидемија од непотизам може да прекине само со пораз на Претседателските избори на опцијата предводена од  деспотот Заев и криминалниот картел. Тогаш ќе почне демонтирањето на оваа аздисана и ненародна власт“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања