Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

СДСМ е подготвена дијалогот за уставните измени да ги продолжи со ДПМНЕ, вели Каевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Воспоставениот дијалог со опозицијата е во исклучително важен момент за европската иднина на земјата, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

„Чекорот што го направи Христијан Мицкоски со прифаќањето на уставите измени е за поздравување.

— реклама —

Сето ова создаде добра основа за продолжување на дијалогот со ДПМНЕ но и со сите релевантни политички партии застапени во македонското Собрание.

Сега може да разговараме како заеднички да ги изведеме уставните измени, неопходни за продолжување на европскиот пат.

СДСМ ќе биде проактивна во овој процес. Токму затоа на синоќешната седница на Централниот одбор донесевме одлука за формирање на работна група.

— реклама —

Овој тим ќе го продолжи дијалогот со ДПМНЕ и останатите политички партии за носење на уставните измени и продолжување на евроинтегративниот процес.

Што поскоро уставните измени влезат во Собранието тоа подобро.

— реклама —

Сега е моментот сите заедно да дадеме придонес, да ја донесеме важната одлука, и да ја обезбедиме на европската иднина на државата.

Оваа одлука не е заради моментален политчки рејтинг, не е заради една партија или група поединци.

Ова е одлука за сите наши граѓани, одлука за македонските работници, одлука за лекарите, наставниците, земјоделците и пензионерите.

— реклама —

Ова е одлука за нашите млади, за учениците и студентите кои сакаат и заслужуваат да живеат во држава членка на ЕУ но да останат тука, во своите градови во своите населени места.

Затоа, дијалогот продолжува. Ќе ги интензивираме нашите активности со цел потребните реформи да бидат донесени брзо, за целиот рок на преговарање да заврши успешно и веќе до 2030 година да станеме полноправна земја членка на ЕУ“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања