Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

СДСМ: Економските мерки на Влада помагаат на работниците, занаетчиите, но и на оние кои останале без работа, се грижиме за сите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Со цел побрзо и полесно пребродување на здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, Владата презема ефикасни, функционални и навремени мерки, коишто значат поддршка за работниците, за компаниите, за секој човек, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Покрај мерката за обезбедување на нето плата, односно финаниска помош од 14.500 денари за секој вработен за месеците април и мај, на работодавачите како алтернатива им се нуди да ја изберат и поддршката за субвенционирање на 50 отсто од придонесите за месеците април, мај и јуни.

— реклама —

Еден од условите за користење на оваа мерка е на компаниите кои сакаат да аплицираат приходите да им бидат намалени за најмалку 30% споредбено со просекот за 2019 година, бројот на вработени за месеците април, мај и јуни 2020 година да не биде помал од бројот на вработени со состојба на 31.03.2020 година, како и да не исплатува дивиденди и бонуси од денот на објавување на Уредбата до денот на поднесување на годишна сметка за 2020 година.

— реклама —

Мерките подеднакво важат и за занаетчиите. Лице кое врши занаетчиска дејност и е барател на финансиска поддршка треба да поднесе Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства до Управата за јавни приходи.

— реклама —

Граѓаните кои се материјално необезбедени, невработени, за користење на мерката со која се предвидува 7000 денари, потребно е во месно надлежниот Центар за социјална заштита да поднесат Барање за право за добивање на гарантирана минимална помош, како и за друго право доколку им следува согласно Законот за социјална заштита и Законот за заштита на децата.

Апелираме и охрабруваме да се искористат владините мерки кои помагаат на сите работодавачи, работници и граѓани погодени од коронавирусот.  Само заеднички и со доверба ќе ја пребордиме оваа глобална криза, се вели во соопштението од СДСМ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања