Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

СДСМ: Европскиот извештај потврдува прогрес во 81 отсто од поглавјата и покрај блокадата на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


Извештајот на ЕК потврдува дека и покрај блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски Македонија продолжи да ги исполнува условите за продолжување на преговорите за членство во ЕУ, велат од СДСМ преку соопштение.

— реклама —

„Остварен е прогрес во 81% од поглавјата, а назадување нема во ниту едно поглавје. Во однос на подготвеност на поглавјата, во 90% има соодветно ниво на подготвеност.

— реклама —

Извештајот на ЕК јасно посочува дека главни кочничари на напредокот се Мицкоски, ДПМНЕ и Левица, а оценката за вкупната подготвеност на земјата за 2023 година е „добро ниво на подготвеност“, константa која е факт неколку години наназад.

— реклама —

За разлика од катастрофалните извештаи во време на ДПМНЕ за заробена држава, мешање на партијата и државата и бројни сегменти со назадување со години наназад имаме драстичен напредок.


ЕУ истовремено го објави пакетот за проширување на унијата и планот за раст на економиите на Западен Балкан.


Само со овој план на Македонија на располагање и стојат милијарда евра.


Со продолжување со реформите и со процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет ќе го имаме за пет месеци од сега.


Затоа блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски мора да бидат поразени“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања