Промени тема
Контакт
Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK 2:18:21

СДСМ: Ги намаливме трошоците и обезбедивме повеќе пари во секое домаќинство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Во досегашниот период, Владата предводена од СДСМ преку низа спроведени мерки позитивно влијаеше врз намалувањето на трошоците и обезбедување повеќе пари во секое домаќинство, велат од СДСМ.

— реклама —

„Намалувањето на трошоците започна со воведувањето на евтината тарифа на струјата, со која граѓаните на годишно ниво заштедуваат над 11 милиони евра, како и укинувањето на радиодифузната такса којашто на годишно ниво на граѓаните им заштедува околу 12 милиони денари.

Мерките за намалување на трошоците на граѓаните продолжуваат. Усвоен е Законот за отпис на камати на долгови којшто ќе ги намали троошоците на заостанатите сметки за струја, вода, телефонија и интернет и ќе го олесни животот на граѓаните, особено оние од ранливите категории“, велат од партијата.

— реклама —

Оттаму додаваат дека се намалуваат трошоците за нотарските и услугите на извршителите за 50 отсто до 90 отсто, а со новите тарифници, ќе бидат укинати дури 16 ставки коишто порано се наплаќаа.

— реклама —

„Ставаме крај на драконското казнување, воведуваме опомена пред казна и правична казнена политика. Казните се намалуваат и до 75 отсто, се воведува опомена пред казнување, глобите ќе се одредуваат пропорционално на прекршокот, а за првпат се воведува и градација помеѓу малите, средни и големи претпријаија.

Со тоа, се постигнува целта казната да не го отежнува животот на граѓаните и компаниите, туку казните пред се да имаат превентивна и корективна улога.

И во годината што доаѓа, Владата предводена од СДСМ продолжува посветено да ги спроведува мерките што обезбедуваат намалени трошоци за живот, повеќе пари во семејствата и повисок животен стандард за сите граѓаните“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања