Промени тема
Контакт

СДСМ ги објави заклучоците на Извршниот одбор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ на која единствена точна на дневен ред беше последниот европски предлог на француското претседателство за кревање на блокадата и започнување на преговори со ЕУ.

„Врз основа на сите анализи и дискусии, имајќи го предвид интересот на државата и граѓаните, Извршниот одбор на СДСМ донесе повеќе заклучоци во однос на последниот европски предлог на француското претседателство.

1. Предлогот е добра основа и Извршниот одбор целосно ја поддржува Владата да го продолжи процесот на консултации за носење на конечна државна одлука. Во овие моменти е потребно државничко однесување, мудрост и одговорност водејќи грижа за иднината на државата, на сите наши граѓани.

— реклама —

2. Во предлогот, којшто го сметаме дека е европскиот предлог, недвосмислено имаме прифаќање на Македонски јазик во ЕУ, што значи затворање на сите идентитетски прашања.

3. Извршниот одбор на СДСМ констатира дека затворање на идентитетските прашања е најважно и сега е кристално јасно: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија. Ова е клучна позиција, државна и национална којашто со овој предлог е обезбедена.

— реклама —

4. Воедно, предлогот ги става билатералните, историски прашања надвор од преговарачката рамка.

5. Исто така овој предлог е во целосна согласност со Резолуцијата во Собранието за државните позиции.

6. Ова покажува дека Владата, премиерот и надлежните институции одговорно постапувале и ги застапувале државните и национални интереси.

— реклама —

7. По завршување на процесот на широки консултации, процесот да продолжи во Собранието.

8. СДСМ уште еднаш ја реафримираше својата позиција за преземање на сите активности, за заштита на националниот, јазичен и историски идентитет на македонскиот народ и неговата посебност како наша врвна вредност и заложба.

— реклама —

Членството во ЕУ е историски важно и стратешко прашање а нашето место е во ЕУ.

Имаме единствена можност да ја исполниме и нашата долгоочекувана стратешка цел, полноправно членство во ЕУ. Тоа е нашата визија, тоа е нашата иднина.

Имаме неповторлива можност обезбедување просперитет на државата, им го должиме тоа на идните генерации. Време е за мудри одлуки“, велат од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања