Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Ги покачивме платите на наставниците за 55% и обезбедивме подобри услови за работа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


„СДСМ соодветно ја вреднува одговорната работа на наставниците и им обезбедува подобри услови за работа. Во изминатите шест години платите на наставниците се покачени за 55 отсто. Тоа е далеку поголемо зголемување, од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога за период од 11 години, платите во основното и средното образование биле зголемени само за четири проценти“, велат од СДСМ.

— реклама —


„Покрај платите, СДСМ инвестира и во унапредување на условите за работа на наставниот кадар.

— реклама —


Досега, реконструирани или изградени нови се 80 објекти на основни и средни училишта низ целата држава. Со укинување на екстерното тестирање наставниците се ослободени од стресни ситуации кои во голема мера влијаеја на нивната работна средина.

— реклама —

Укинувајќи го хартиениот дневник, се намали педагошката администрација и со тоа се овозможи повеќе време на наставниците за креирање на успешни наставни часови. Со закон е обезбедено кариерно напредување и зголемување на коефициентот на плати, а со тоа се обезбеди квалитетно менторирање на новите наставници-приправници.


СДСМ уште во 2021 година подготви Закон за наставници и стручни соработници во основното и средното образование, кој ја гаранитра нивната социајлно-економска положба, кој ДПМНЕ оттогаш го блокира.

— реклама —

Продолжува социјалниот дијалог со репрезентативниот синдикат за образование и наука за Нов колективен договор, во кој се воведува регрес за годишен одмор кој наскоро ќе биде потпишан од двете страни.


СДСМ и продолжува со вистинска грижа за наставниците, создава современо образование за секое дете, која ќе ја движи државата напред“, се додава во соопштението на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања