Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Ги следиме потребите на граѓаните и се менуваме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ започна суштински и системски промени кои имаат за цел забрзување на напредокот на земјата и подобри услови во општеството, за подобар живот на сите граѓани. Одново СДСМ покажува дека ги слуша пораките од граѓаните, дека ги следи нивните потреби и дека е подготвена да се менува на подобро со цел уште подобро да им служи на граѓаните. Тоа не е случај и со опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски каде нема ниту најмал напор за промена, не постои ниту една идеја за нешто да се промени, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Денес ВМРО-ДПМНЕ се полоши од кога било. Покрај безидејноста, ВМРО-ДПМНЕ е целосно посветена на лажни вести, измислици и деструкција а нивната единствена политичка агенда е одбрана на криминалот.

— реклама —

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не нудат ништо за граѓаните, ништо што е во интерес на државата. Со досегашното делување, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски покажаа дека остануваат посветени на спроведување на нарачките од нивниот почесен претседател, бегалецот во Будимпешта.

— реклама —

На државата и е потребна конструктивна, стабилна опозиција која ќе се натпреварува со идеји, проекти и концепти, која ќе работи во интерес на граѓаните, на која државните интереси ќе и бидат пред личните.

— реклама —

Ништо од тоа денес не е ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски загубија на претседателските избори и на локалните избори во Охрид и Ново Село. Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не успеват и нема да успеат да го спречат напредокот и да ја вратат државата во темното минато на режимот, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања