Промени тема
Контакт

СДСМ: Гласањето против одлуките за прогласување на вонредна состојба е чин против интересите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ знае само за деструкција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека пратениците од нивните редови  ќе гласаат против потврдувањето на одлуките за прогласување на вонредна состојба само ја  потврдуваат деструктивноста и неодговорноста на оваа партија.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од неодговорниот Христијан Мицкоски се води единствено од евтин политички популизам и воопшто не се грижи за интересите на граѓаните и државата, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Вонредната состојба беше прогласена исклучиво во интерес на граѓаните. Таа беше неопходна за брзо делување на Владата и институциите за поефикасна борба против коронавирусот и заштита на јавното здравје.

Во време на распуштено Собрание и преодна Влада со мандат за спроведување избори, бонредната состојба на извршната власт и овозможи креирање на закони за  поголема ефикасност во носење мерки и политики за справување со последиците од Ковид 19 и заштита на здравјето на граѓаните.

Гласањето против одлуките за прогласување на вонредна состојба, е чин против интересите на граѓаните, против институциите.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ предводенa од Мицкоски останува посветени на деструкција, неодговорно и незрело однесување. За тоа се казнети од граѓаните и затоа остануваат уште долго во опозиција, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања