Промени тема
Контакт

СДСМ го напаѓа ревизорот од Гази Баба, кој и самите го ангажирале претходно, затоа што најде криминал кај нивен директор, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ го напаѓа ревизорот од Гази Баба, кој и самите го ангажирале претходно, затоа што најде криминал кај нивен директор, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Добри Петров е внатрешен ревизор во општина Гази Баба, кој вршел ревизии и по нарачка на Борис Георгиевски, поранешен градоначалник на општината од редовите на СДСМ. Тогаш СДСМ не најде ништо спорно кај Петров, но сега тој не чини затоа што најде криминал кај директорот на детската градинка Детска радост, поставен од СДСМ.

— реклама —

СДСМ го напаѓа градоначалникот Бобан Стефковски и ревизорот, затоа што во ревизорскиот извештај е констатирано дека директорот поставен од СДСМ го надминал за 200.000 денари лимитот од 12.000 евра за слободни набавки, што е дел од Наод бр. 2 од Завршниот ревизорски извештај за 2021 година.

Во истиот Ревизорски извештај во Наод бр. 3 е утврдено дека истиот склучил договор со фирмата Сокол Обезбедување ДООЕЛ Скопје и ја надминал сумата за набавка за 9.213 денари.

— реклама —

Ова се само дел од незаконитостите кои се пронајдени во Ревизорскиот извештај, а направени од кадарот на СДСМ.

— реклама —

Власта деновиве организирано го брани токму овој криминал“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања