Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

СДСМ го злоупотребува судството за политички прогон, во ВМРО-ДПМНЕ е нова генерација која ќе донесе промени, велат од опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
titanik-sudenje

„СДСМ го злоупотребува судството за политички прогон, во ВМРО-ДПМНЕ е нова генерација која ќе донесе промени. Богданка Кузеска доаѓа од партија чиј претседател е амнестиран за криминал. Не видовме никој од СДСМ да побара оставка од Заев. И во овој момент очекуваме да одговори Богданка Кузеска дали СДСМ ќе пазари од најновата фирма на наследникот на Заев, Душко Заев“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

— реклама —

„Колку 18 годишници во Македонија може да тераат милионски бизнис?

Се што прави СДСМ е злоупотреба на судството за политички прогон, во ВМРО-ДПМНЕ е нова генерација која ќе донесе промени.

— реклама —

Пресудите во таканеречниот предмет Титаник се потврда дека Димитар Ковачевски продолжува со политиките на Зоран Заев, за злоупотреба на правосудните институции за партиски цели.

— реклама —

Од случајот Титаник може да видиме како функционира системот на изнуда на СДСМ.

Во изминатиов период немаме никаква разрешница за Драги Рашковски, Ден Дончев, Зоран и Вице Заев, ниту бројните други функционери од врвот на власта кои во изминатиов период злоупотребуваа институции.

— реклама —

И сега системот на заплашување и изнуди функционира за да можат Заеви и другите моќници од СДСМ да отвораат фирми и милионски бизниси за да профитираат на грбот на народот.

Паниката во СДСМ е од новата генерација во ВМРО-ДПМНЕ. Луѓе кои се непоколебливи и одлучни да расчистат со криминалот и корупцијата во државата“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања