Промени тема
Контакт

СДСМ: Големи се фрустрациите во ВМРО-ДПМНЕ, преку три механизми ќе се обезбедат вакцини против ковид 19 за 60 отсто од населението

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
vakcina-2

Типично за ВМРО ДПМНЕ е да изнесуваат лажни вести, како што е типично да бидат демантирани од страна на амбасади на странски земји и да бидат препознавани како извор на лажни вести во меѓународни студии. Министерот за здравство д-р Венко Филипче, на 22 декември 2020 година, на покана на премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов и на министерот за здравство проф. Костадин Ангелов учествуваше на седница на влада на Република Бугарија, се вели во Реакцијата од СДСМ на прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Во продолжение на истата се додава:

— реклама —

Стоилковски наместо да емитува видео секвенци и бесрамно да лаже, треба да ги објави и фотографиите од седницата на владата во Софија и целата прес-конференција на Филипче и Ангелов што беше одржана по завршувањето на владината седница. Фрустрациите на ДПМНЕ се толку големи што го ставаат на коцка здравјето на граѓаните во оваа коронакриза.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека заложбите на министерот Филипче и Владата за процесот на имунизација од ковид, се препознаени од многу земји како и од Светската здравствена организација.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ не одржале ниту една прес конференција да кажат колку е важен процесот на вакцинација, колку вакцините се безбедни и дека само преку вакцинација може да се стекне колективен имунитет и да се врати живото во нормала. Но така функционира ДПМНЕ, некрофилксата политика на Мицкоски и натаму е пуштена на најјако.

Владата предводена од СДСМ министерот Венко Филипче, преку три механизми, ќе обезбедат вакцини против корона вирусот за вакцинирање на 60 проценти од населението. ВМРО-ДПМНЕ, како и досега ќе обезбеди само шарени лаги на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања