Кандидатот на Мицкоски, Гордана Силјановска не само што не го осудува насилството во собранието на 27 Април, туку се стави во одбрана на насилниците, стои во соопштението од СДСМ.
Гордана, неправда е насилството да го нарекуваш праведност Не е чесно, ниту праведно да се брани насилство, ниту еднаш да не се осуди организираниот насилен упад во Собранието.
Силјановска свесно застана зад груевизмот, свесно застана зад матрицата на насилство, криминал и конфликти.
Толку од натпартискиот кандидат на Христијан Мицкоски,кој си одбра кандидат за претседател кој ќе ги следи и поддржува деструктивните и криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.